Русија – Македонски дипломат во Москва прогласен за „персона нон грата“

Македонско – руските дипломатски односи повторно на тенок мраз.
Русија одново и возврати на Македонија и уште еден македонски дипломат вработен во амбасадата во Москва го прогласи за персона нон грата. За ова денеска била известената в.д. амбасадорката Оливера Чаушевска-Димовска, како одговор на претходната одлука на македонското Министерство за надворешни работи од август годинава кога од Македонија беше протеран руски дипломат, која Моска ја оцени како неоправдана.
„На 4 октомври в.д. амбасадорката на Република С. Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска, беше повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што ѝ беше врачена нота од Министерството со која се прогласува за вработен во Амбасадата на С. Македонија во Москва за персона нон грата“, – соопштија од руското мнр.
Станува збор за дипломат – втор секретар во амбасадата, појаснуваат од македонското МНР. Со оваа одлука во амбасадата останува да работи само в.д. амбасадорката Чаушевска Димовска, на која, според најавите од МНР, наскоро ќе и се придружи и новиот абамсадаор акредитиран за Руската федерација.
Последниот потег на Москва од македонското МНР го оценуваат како возвратна политичка одлука без нијкаков мериторен однос..
„За претходното протерување на рускиот дипломат од Македонија беа доставени евидентирани докази за негово дејствување во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи. Оттука, денешниот потег на руската страна е во целост неоснован и негативно ќе се одрази на обидите за унапредување на односите меѓу двете земји“. – велат од македонското МНР.
Според поранешниот амбасадор Љупчо Арсовски неопходно е што порскоро да се одржат консултации на повисоко ниво за да се подобрат односите меѓу двете земји, бидејќи како што вели Русија е традиционален партнер на Македонија.
Ова е второ протеруање на руски дипломат од земјава во последнава година. Првиот руски дипломат од Македонија беше протеран во мај со објаснување дека се занимавал со недипломатски работи.