ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Русија: Вознемирени сме од состојбата на Косово, Западот турка кон директен конфликт

Руското министерство за надворешни работи објави дека е вознемирено од состојбата на Косово и го обвини Западот дека „ја турка ситуацијата кон директен конфликт“. Во соопштението, Москва објави дека Белград покажал конструктивен пристап во најновата криза меѓу Србија и Косово и ги нападна радикалите во Приштина за серијата провокации кои, како што оцени, само ги отежнуваат долгогодишните етнички тензии.

Косовските Срби во саботата, во екот на кризата поради одлуката на косовската влада за укинување на табличките издадени во Србија, ги напуштија сите косовски институции. Претседателот на Српска листа Горан Ракиќ, српската партија на Косово, претходно најави дека одлуката ќе остане на сила сè додека Приштина не ги повлече мерките за пререгистрација и не формира Заедница на српски општини.

Договорот за нормализирање на односите на Белград и Приштина, усогласен и склучен во Брисел под покровителство на Европската Унија, го потпишаа на 19 април 2013 година тогашните премиери на Србија Ивица Дачиќ и на Косово Хашим Тачи, со посредување на поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон.

Белград истакнува дека Приштина речиси деценија по потпишувањето на тој договор не ја формирала Заедницата на српски општини. Косовската влада одбива да ја формира таа институција бидејќи не сака да ѝ дозволи извршни овластувања, а Белград инсистира дека ЗСО не може да биде „невладина организација“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.