ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Русија бележи нов рекорд на смртни случаи од ковид

Во Русија во изминатово деноноќие се евидентирани рекордни 929 смртни случаи на пациенти заболени со ковид-19. Ова е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата.

Во Русија се уште е ниска стапка на вакцинација, со околу 30 проценти целосно вакцинирани од 146 милиони жители. Од почетокот на пандемијата во Русија се евидентирани вкупно 212 илјади смртни случаи, но според многу аналитичари и критичари бројките се многу поголеми од официјално соопштените.

Русија официјално регистрираше повеќе од 7,6 милиони инфекции со коронавирус, што ја прави петта земја во светот најтешко погодена. Земјата бележи пораст на евидентирани случаи во изминативе два месеци.

И покрај порастот на инфекции и смртни случаи на коронавирус, руските власти не воведоа големи ограничувања. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека целонсо затворање на земјата ќе биде „ апсолутно непосакувано сценарио за целиот регион“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.