ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што С Македонија го признава бугарското

epa09190719 German Minister of State for European Affairs Michael Roth speaks at the start of the European Affairs ministers council in Brussels, Belgium, 11 May 2021. The Council will focus on the preparation of the European Council meeting on 24-25 May, EU-Switzerland relations and on the Covid-19 and Digital green certificate. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Ниту една земја во ЕУ не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја, вели германскиот пратеник и поранешен министер за Европа

Актуелниот германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, преку социјалните мрежи ја поздрави денешната средбата на двајцата премиери, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, во Скопје, но порача и дека соседната држава треба да го признае македонското малцинство во Бугарија, исто како што тоа го прави и Северна Македонија во однос на бугарското.

„Многу р добро што се среќаваат премиерите на Бугарија и Северна Македонија. Како што Северна Македонија го признава бугарското малцинство, така мора и Бугарија веќе еднаш да ги спроведе пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Ниту една земја во ЕУ не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“,

порачува Рот на Твитер.
Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.