ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

РКЕ ги утврди новите цени, бензините пак поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја

Согласно својата методологија за утврдување на малопродажните цени на горивата во Македонија, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 0,82% проценти во однос на последната одлука.

Согласно методологијата за утврдување на цените, РКЕ одлучи цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 да се намали за 1,5 денари, додека Еуродизелот останува со истата цена како и претходно.

Ова значи дека за литар Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе треба да плаќаме 101 денари по литар, а за литар Еуросупер БС-98 ќе издвојуваме 103 денари. Од друга страна, Еуродизелот останува со истата цена како и досега, па за секој литар наточено гориво ќе мора да се издвојат точно 100 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 2,6%, а кај дизелот за безмалку 1,95%.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.