Река, Силјановска и Пендаровски го потпишаа кодексот за фер и демократски избори

Си подадоа рака, си разменија по некоја насмевка и си посакаа многу среќа.

Тројцата универзитетски професори подготвени за трката за нов шеф на државата и официјално се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите принципи за фер и демократски избори. Кодексот го потпишаа пред очите на членовите на Државната изборна комисија.
Овие избори за Река се предвесник за нова страница во изборната историја на земјава. Мирно и сталожено, додаде дека оваа трка е далеку од трка за живот или смрт.
Единствената дама во претседателската трка, изборите ги изедначи со правото и правдата што е мотив плус строго да се придржува до нив.
Пендаровски, пак, се осврна на самата пракса на потпишување на Кодексот за која во име на сите кандидати вети дека ќе биде далеку од само потпис на хартија.
За денешните ветувања на тројцата кандидати дали навистина ќе се исполнат или не – ќе сведочиме во следните дваесет дена колку што ќе трае кампањата пред одржување на првиот изборен круг.