ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ: ПОЧНА СОБРАНИСКАТА ПРОЦЕДУРА

Јавниот долг на државата се зголеми на 60,3 отсто, а буџетскиот дефицит скокна на 8,5 отсто откако статистика го ревидираше номиналниот БДП. Овие нови бројки на крајот на  експозето за вториот ребаланс ги кажа министерот за финансии Фатмир Бесими тврдејќи дека јавниот долг пораснал само статистички и дека апсолутните бројки остануваат исти како и претходно. Не даде нови проценки како ќе се движи јавниот долг до крајот на годината имајќи предвид дека веќе сега ја поминавме црвената линија за задолжување.  

„Дефицтиот кој што е пред вас, без да се измени нешто во релативни вредности ќе биде 8,5% поради статистичките измени. Истото ќе биде и со надворешниот долг“. – изјави Бесими.

За опозицијата новото прекројување на државната каса е нереално. ВМРО-ДПМНЕ со 170 амандмани ќе докажува дека Владата ги стопиралана сите проекти, со антикризните мерки прави поткуп на граѓаните, а со новата прераспределба на парите заборавила на загадувањето и Преспанското езеро. Според пратениците на СДСМ, пак, помошта била добро осмислена.  

„Кога ќе го пролисташ ребалансот гледаш каде е најмногу скратено. Најмногу е скратено во делот на капиталните инсвестиции. Преполовени средствата за изградба на владини објекти, спортски сали и училишта. Намалени пари за гасификација.“ – вели Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема ниту еден јавен повик, ниту еден тендер како да го решиме загадувањето што ќе почне за две недели од сега. И потоа пак ќе излезе некој ваучер за клима, за купи глас до утре.“ – вели Љупчо Пренџов, ГРОМ. 

„Одличен ребаланс и со тоа да помогнеме во оваа криза која сите не засега и да не се делиме по кластери, по политички партии.“ – рече Сања Лукаревска.

Предлог ребалансот ќе биде на разгледување во матичната комисија во наредните 10 дена. Ова е историски најголем буџет досега. Расходите надминуваат 4,1 милијарда евра, а приходите ќе останат на нивото од 3,2 милијарди евра. Земјава годинава ќе заврши во рецесија од минус 4,4% од БДП.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.