Рашковска добила поклон џип кој вреди 50 илјади евра, сопругот Рашковски во ДКСК пријавил дека чини 5 илјади евра
Автомобил Доџ Вајпер СРТ од 2005 година подарок за сопругата на екс генсекот на Владата Драги Рашковски е проблематичен за Антикорупциската комисија. Проценката е дека пазарната вредност е најмалку 50 илјади евра, а во анкетниот лист на Рашковски е пријавено дека вреди 5 илјади, откри Антикорупциската комисија. Но уште поитересно е што автомобилот претходно бил на човек кој наводно го купил од гостиварска фирма за 5 илјади евра.
Она што го открила ДКСК е дека истата гостиварска фирма побарала услуга од Генералниот секретаријат на Владата во декември 2018 додека генерален секретар беше Рашковски. Фирмата барала на државен деловен простор во Гостивар да има п пренесено право на градење и уредување, а и покрај негативното мислење од транспорт, секретаријатот го ставил на седница на влада преддоговорот. ова не поминало на влада но дкск покрена иницијатива до обвинителството. Инаку Рашковски наскоро очекува судење за злоупотреби на пари од Буџетот за купување на софтвери што никогаш не биле потребни.