ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Растот на македонската економија годинава ќе забави како последица на војната во Украина- предвидува Светска банка

Војната во Украина  и санкциите кон Русија силно ќе удрат врз македонската економија. Ќе забави растот на Бруто-домашниот производ на 2,7 проценти, предивудува Светска банка во најновите  пролетната прогноза. Последната проценка беше лани кога се очекуваше македонската економија да порасне 3,7 проценти. Прогнозите можат да се влошат доколку се пролонгира војната во Украина, предупредуваат банкарите.

Доколку се пролонгира војната во Украина, ќе продолжи намалувањето на надворешната побарувачка, зголемување на цените на стоките и енергијата и доцнење на инвестициите. Ова сценарио,  би резултирало со уште понизок раст и пониски приходи, како и зголемени барањаза фискална поддршка и пораст во трошоците за финансирање.- стои во извештајот на Светска банка.

Светска банка предвидува дека инфлацијата годинава ќе биде 5,5 проценти. Инфлаторските притисоци, особено храната и цените на енергенсите, ќе ги зголемат трошоците на живот и најпогодени ќе бидат ранливите категории на граѓани. Ќе с епродлабочува и јавниот долг кој годинава ќе достигне 62,7%, а во наредните две години над 64% од БДП.Фискалните трансфери, ненаменските субвенции и широки даночни ослободувања, како  и честите промените на пензиската политика со значителни фискални импликации не се одржливи и може да ја наруши макроекономската стабилност- предупредуваат банкарите. Препорачуваат владата да внимава при  јавните трошења.

На  среден рок, земјата да ги врати јавните финансии на одржлива патека и да го насочи својот фокус на решавање на структурните предизвици како што се опаѓачкиот човечки капитал, продуктивноста, миграцијата, слабите регулаторни рамки, лошата конкурентска политика, независноста на судството. стои во извештајот на Светска банка.

За наредните две години,  СБ очекува македонската економија да забележи раст од 3,1 и  3,2 %. Снижена е и проекцијата за растот на земјите од Западен балкан на 3,2 проценти. Најголемите ризици за регионт според Светска банка произлегуваат од можните прекини во снабдувањето со природен гас и нафта. А најлоши  се прогнозите за Украина- чиј БДП се очекува годинава да падне за 45,1 %.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.