Рама: Избори ќе има на 30 јуни
По одлуката на претседателот Илир Мета да ги одложи локалните избори, албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама, изјави дека избори ќе има на 30 јуни, бидејќи, како што рече, изборите не се ниту на претседателот, ниту пак на партиите.
„Протестите се очаен обид на губитници. Изборите ќе се одржат на 30 јуни, а Мета повторно направи грешка. На 30 јуни ќе има избори, тие не се ниту на опозицијата, ниту на претседателот. Нивна цел е да ги уништат изборите“ рече Рама на изборен митинг во градот Берат.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: