ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рама: Ако Швајцарија се викаше Албанија или Македонија и нив ќе им речеа „не можете да влезете во ЕУ“

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на  Македонија за свои интереси.

Ваква оценка тој изнел гостувајќи во телевизиска емисија кога зборувал за очекувањата на меѓувладината конференција.

– Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови, туп излегува Бугарија и ја блокира Македонија таму. Зошто Бугарија ја блокира Македонија? А? Ја блокира за свои интереси. Ја блокира заради своја внатрешна динамика таму и ја држи Македонија во заложништво. И, сега, ќе видите што ќе се случи, друга држава, која не затоа што не ја сака Македонија или не нè сака нас, туку затоа што нивниот народ не го сака тоа проширување, другите не сакаат, изјавил Рама во интервју за „Визион плус“, пренесуваат медиумите.

Но, Рама оди понатаму, велејќи дека доколку Швајцарија го имаше името Албанија или  Македонија и нејзе ли ќе и беше кажано: „не можете да влезете побрзо“

-Ако Швајцарија е именувана како Албанија или Македонија и доколку сè што има Швајцарија донесе тука, сè, но вие сте Албанија и Македонија, не можете да влезете побрзо, изјавил Рама.

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.