ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Разрешени директорите на РЕК „Битола“ и на РЕК „Осломеј“

Од ЕСМ најавуваат и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза

РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ добија нови директори откако ЕСМ донесе одлука за разрешување на првите луѓе на двата комбинати во ек на кризната состојба во енергетскиот сектор во земјава.

На седницата на Управниот одбор на „Електрани на Сверна Македонија“ (ЕСМ) е донесена одлука за разрешување на досегашниот директор на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски, а на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на „Термоелектрана“.

Разрешен е и директорот на РЕК „Осломеј“, Златко Пиперкоски, а на негово место е назначен досегашниот технички директор на „Рудници“, Стојан Мицкоски, соопштуваат од ЕСМ.

Од ЕСМ најавуваат и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза.

РЕК „Битола“ во изминатиот период се соочи со повеќе предизвици во работењето, вклучително со пожарот што избувна во еден од блоковите.На 9 ноември Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена, врз основа на процена дека постои ризик од настанување криза поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија и со цел да се подобри работењето на енергетските компании и да се зголеми нивната ликвидност.Министерот за економија Крешник Бектеши тогаш изјави дека лично смета дека треба да има одговорност за состојбите во енергетскиот сектор, ама дека првично треба да се справиме со енергетската криза. Откако ќе се справиме со неа, ќе разговараме и за конкретна одговорност и за тоа кој потфрлил во делот на намалување на домашното производство, изјави Бектеши.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.