ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Разговори во Србија околу француско-германскиот предлог за нормализација на односите со Косово

Неподелен е ставот во српската јавност дека српското водство е на чекор да го прифати така-наречениот француско-германски предлог, кој треба да ја намали напнатоста меѓу двете земји и да го одмрзне конфликтот.

Овој план во петокот на српските и на косовските власти им го претстави меѓународната петорка: ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија на одвоени средби во Белград и во Приштина. Сега за него разговараше српската влада. На седницата Вучиќ побарал целата извршна власт да работи единствено. Дали ќе биде претставен во српското собрание се уште не се знае.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека за предлогот ќе се разговара во наредните денови со одредени општествени групи.

Планот јавно не е објавен, но српскиот весник „Данас“ тврди дека го добил преку дипломатски канали. Станува збор за документ кој има дест члена и никаде отворено не пишува дека Србија го признава Косово како независна држава, но веќе во првиот член пишува:

СТРАНИТЕ МЕЃУСЕБНО ЌЕ РАЗВИВААТ НОРМАЛНИ, ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ЗАСНОВАНИ НА ЕДНАКВИ ПРАВА. ДВЕТЕ СТРАНИ МЕЃУСЕБНО ЌЕ ГИ ПРИЗНААТ РЕЛЕВАНТНИТЕ ДОКУМЕНТИ И НАЦИОНАЛНИ СИМБОЛИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И ПАСОШИТЕ, ДИПЛОМИТЕ, РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ И ЦАРИНСКИТЕ ПЕЧАТИ, ГЛАСИ ЧЛЕН ОД ЕВРОПСКИ ПРЕДЛОГ ЗА ДОГОВОР МЕЃУ КОСОВО И СРБИЈА.

Токму овој член стручњаците го гледаат де факто како српско признавање на Косово, но без двете страни да воспостават дипломатски односи. Нешто што ќе му овозможи на српскиот претседател да тврди дека опстојал на ставот никогаш да не го признае Косово.

Во предлогот пишува и дека Србија нема да се противи на членството на Косово во меѓународни организации, што до сега не беше случај. Формирањето Заедница српски општини на северот на Косово, на кое инсистира Србија, не е наведено експлицитно, но пишува дека страните ќе ги исполнат обврските што ги презеле со претходните договори.

Новина е тоа што планот предвидува дека „страните ќе разменат постојани мисии кои ќе се наоѓаат во седиштето на дотичната влада, а практичните прашања со распоредувањето на мисијата ќе бидат обработени посебно“.

Предвидено е исполнувањето на договорот да го надледува заедничка комисија со која ќе претседава Европската унија.

Српската влада и претседателот Вучиќ до сега беа кетегорични дека Србија никогаш нема да го призне Косово, но сега меѓународниот притисок се засилува и се повеќе се шпекулира дека тој е на чекор да го потпише документот, со објаснување дека Србија ќе се соочи со проблеми и предизвици ако не не се согласи со предлогот.

Вучиќ вечерва ќе се обрати до нацијата, кога се очекува да го каже предлогот и да ги навести идните српски потези.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.