ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Радев објави: На 14 ноември и претседателски и парламентарни избори во Бугарија

Бугарскиот претседател објасни дека Собранието ќе го распушти онака како што предвидуваат Уставот и Изборниот законик. Во меѓувреме, техничката влада ќе продолжи да работи, на, како што рече, искоренување на корупцијата од бугарските институции, транспарентно и одговорно во интерес на бугарските граѓани

На 14 ноември во Бугарија ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори, соопшти денеска бугарскиот претседател Румен Радев. Тој најави дека што е можно поскоро ќе го расушти и Народното собрание, во согласност со Уставот и законите.

„Изборите ќе бидат ‘2 во 1’ на 14 ноември. На овој начин ќе заштедиме пари, а особено ќе им заштедиме време на граѓаните“,

изјави Радев денеска, за време на посетата на Плевен.

Радев објасни дека Собранието ќе го распушти онака како што предвидуваат Уставот и Изборниот законик. Во меѓувреме, техничката влада ќе продолжи да работи, на, како што рече, искоренување на корупцијата од бугарските институции, транспарентно и одговорно во интерес на бугарските граѓани.

За кампањата рече дека исто како и изборите, ќе биде „2 во 1“ и ќе се спојат.

„Јас сум жесток поддржувач на надпартиски договор и ќе сметам на поддршката на сите угледни Бугари околу големите цели – борбата против сиромаштијата и беззаконието за слободна и просперитетна Бугарија“,

рече Радев и најави дека претседателската кампања ќе биде уште еден водич за бугарските гласачи за тоа кои партии и политичари работат за иднината, а кои ги бранат корупциските шеми.

На прашањето, дали е можно да се појави нов политички субјект во изборната кампања, Радев рече дека ги поддржува вредностите, а не партиите и дека нема никој да зборува во негово име. Тој појасни дека во сите партии, но и надвор од нив има личности кои ги почитуванадвор од партиите.

„Ова е мојата Бугарија, јас сум со овие луѓе и со текот на годините се уверив дека можам да сметам на нивната поддршка“,

рече Радев, беа да посочи конкретно име.

Оваа година во Бугарија треба да се одржат редовните претседателски избори, но откако ниту една партија не успеа да формира влада по изборите во јули, Радев ги закажа во ист ден и парламентарните избори.

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев е оптимист дека неизвесноста во Бугарија се ближи кон крај. Според поранешниот бугарски претседател, за два месеца во Софија ќе има политичка влада.

Својата анализа Плевнелиев ја темели на фактот дека, како што вели, бугарските граѓани се уморни од избори во недоглед. Во интервју за ,,360 степени”, тој не ја исклучи можноста ГЕРБ на Бојко Борисов, и покрај силниот политички фронт против него, да биде дел од идната власт.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.