ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Радев: Ветото за Македонија да остане се додека не се формира нова бугарска влада

Ветото за Македонија да остане се додека не се формира новото парламентарно мнозинство  во Бугарија, побара бугарскиот претседател Румен Радев. 

И тој е на став дека по распадот на владината коалиција змејата влезе во политичка криза. Според Радев, покрај блокадата за евроинтеграциите на Македонија, во следниот период неопходно било власта во Бугарија да обезбеди финансиска стабилност и помош за економијата.

„ Парламентарните партии треба во најскоро време да изнајадат решение за излез од состојбата, бидејќи ни е потребна одговорна и одржлива влада. Додека партиите работат на обезбедување парламентарно мнозинство Кабинетот треба да ги осигура социјалните исплати и помош за бизнисот, да опстои ветото за Република Македонија соодветно на рамката која беше утврдена во консултативниот Совет за национална безбедност и да осигура функционалност на државата. “-Румен Радев – Претседател на Р. Бугарија.

Дека Македонија е главната причина за распадот на бугарската влада потврди и пратеникот Балабанов од партијата „Има таков народ“, која одлучи да ја напушти Владата. На бугарската БТВ покажа рачно напишан план за кревање на ветото за Македонија, за кој тврди дека го „нацртал“ лично Петков за време на нивното заедничко патување со воз за Киев. Овој наводен план тој го оцени како безобразен, бидејќи прво се планирало укинување на ветото, а потоа исполнување на обврските на Македонија.

„ Почнуваме од ветото, прво го креваме ветото, потоа го исполнуваме „agreement“ (договорот), тие завршиле на Харвард па го напишале на тој начин. Повторувам, прво го креваме ветото, а потоа ги исполнуваме останатите услови. Убаво се гледа, така изгледа Бугарија која ќе беше продадена, ако ние не ги направевме тие постапки вчера, е тоа е оваа белешка. “-Станислав Балабанов – пратеник од „Има таков народ“ .

Сепак, според министерот Османи постои некаква надеж за кревање на ветото, но тоа нема да се направи по секоја цена. Во интервју за Канал 5, тој синоќа повтори дека за државата е апсолутно неприфатливо бугарските барања да бидат вметнати во преговарачката рамка, бидејќи тоа ќе претставува преседан.

Инаку, бугарскиот премиер Петков, вчера кажа дека Бугарија има три барања за напредок на Македонија во евроинтеграциите. Првото, рече тој, е почитување на рамковната позиција на Бугарија усвоена во Парламентот. Второто е вклучување на Бугарите во Уставот за да може да се заштитат нивните права, а третото барање,рече Петков, е спроведување на Договорот за добрососедство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.