ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Радев вели дека Бугари од Македонија биле праќани во логори, на што Пендаровски одговори дека е лага

Нови провокативни изјави доаѓаат од Бугарија. Бугарскиот претседател Румен Радев ги обвини македонските политичари за обид за градење идентитет врз основа на комунистички фалсификати, а не врз историски вистини. За реакциите во Македонија по отворањето на културниот клуб во Битола, кој го носи името на Ванчо Михајлов, Радев утринава одговори дека кога веќе се зборува за фашизам, треба да се нагласи улогата на Михајлов – тој му се спротивставил на Хитлер да ја вовлече Македонија во, како што рече, братоубиствена војна со Бугарија.

„Не Иван Михајлов, туку други луѓе, во југословенската диктатура во Македонија, убиваа и протеруваа десетици илјади во концентрациони логори, само зашто решија да продолжат да се нарекуваат Бугари, а не Македонци. Ете тоа е вистински фашизам“, рече Радев.

На оваа изјава одговори неговиот македонски колега, претседателот Стево Пендаровски. 

„На територијата на Македонија никогаш немало концлогори, ниту тогаш, ниту денес. Бројката од десет илјади наводно убиени е лага, практично гола конструкција за политички цели“, рече Пендаровски.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека македонскиот јазик е дефиниран, ние сме народ со посебен идентитет и тоа никој не може да го коментира. 

OMO Илинден-Пирин реагира на денешната изјава на претседателот на Бугарија, Румен Радев дека во Македонија имало логори каде се малтретирале Бугари и за ликот и делото на Ванчо Михајлов. Оттаму велат дека е тажно кога некој си поверува на сопствените лаги, кога една држава поверува во сопствената пропаганда, кога еден претседател на држава се има опколено со неписмени или нечесни советници.

Бугарски политичари на чело со премиерот Кирил Петков и потпретседателката Илијана Јотова за викендот го отворија културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, а граѓаните на овој град излегоа на протести за да изразат револт. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.