Путин одговара на новинарски прашања: Нуклеарната војна не е за потценување!
Рускиот претседател Владимир Путин по 14 пат одржува годишна прес-конференција за медиуми во Москва, на која присуствуваат и странски новинари.
По неговиот воведен говор, им беше дозволено на новинарите да му поставуваат прашања. На прашањето за нуклеарната војна меѓу Русија и САД, како и за пишувањата на одредени медиуми дека таквиот развој на настани е можен, Путин рече дека тие прашања во денешно време се сфаќаат помалку сериозно отколку во времето на Студената војна.
Тоа не значи дека тој проблем станал помал во реалноста“ истакна Путин.
Рускиот претседател нагласи дека САД ја натерале Русија на развој на составот на нуклеарното вооружување, со нивното повлекување од договорот за ограничување на нуклеарното вооружување од среден дострел.
„Русија сега има предност, но тоа беше одговор на промената на рамнотежата“ рече шефот на руската Федерација.
На Американците им порача да не се жалат по повлекувањето.
„Ние знаеме како да ја обезбедиме сопствената безбедност“ додаде тој.
Според рускиот претседател, ситуацијата сепак е опасна, бидејќи, како што рече, во прашање е целото човештво. Тој исто така е против развојот на тактичкото нуклеарно вооружување и конвенционалните балистички ракети од долг дострел, затоа што, според него, двете технологии се опасни и го зголемуваат ризикот од ненамерно избивање на нуклеарна војна.
На почетокот на конференцијата Путин говореше за економските показатели за Русија во 2018 година. Предност први да поставуваат прашања, добија прво руските новинари, кои во главно се занимаваат со одговори на внатрешните руски прашања, како што се домашните инвестициски проекти и нивната издржливост како и домашните ресурси