ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Промовирани нови 125 професионални војници во АРМ

Заедно со своите постари и поискусни колеги ќе бидете столб на државноста и на сувереноста на нашата татковина. Вие сте оние на кои зборовите патриотизам, храброст, пожртвуваност нема да им бидат само зборови, туку ќе им бидат начин на живот. Без вас и вашиот професионализам нема да може да зборуваме за независност, самостојност, за сигурност, за економски напредок и просперитет во Република Македонија. Од вас тргнуваат и на вас почиваат овие вредности.

Ова е пораката што им ја упати вицепремирката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска на промоцијата на новите 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија во касарната „Илинден“ во Скопје.

Таа се осврна на ветувањето дадено на почетокот на оваа година дека 2018 година ќе биде година на подмладување на составот на АРМ и оти во текот на годината ќе се распишат три огласи со кои армијата ќе се засили со нови 375 нови профрсионални војници. Посочи дека денешните 125 нови професионални војници  се втора генерација и информира дека овие денови ќе се објави и третиот оглас, по што, како што потенцира Шеќеринска, ќе можеме да се каже дека подмладувањето на АРМ се случува како дел од план што заедно го работеше МО и АРМ.

Им порача дека одговорноста пред нив е и ќе биде голема.

Шекеринска потсетувајќи дека буџетот за АРМ оваа година порасна за 15 проценти, најави дека истиот ќе продолжи да расте со точно определна динамика секоја година.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.