ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Продолжуваат преговорите за цената за набавка на струја од Бугарија, Бектеши гледа добра волја за договор меѓу двете земји

Европската комисија најави можно замрзнување на цената на електричната енергија на 180 евра за мегават-час и Република Северна Македонија би се вклопила во таа мерка, а дополнително на тоа ние ги знаеме очекувањата на нашето стопанство кое е на слободен пазар. Далеку се цените од тоа што беше кажано во медиумите и тоа што ние го договараме со Република Бугарија

Разговорите за цената за набавка на струја од Бугарија не се завршени. Утре ќе имаме уште еден онлајн состанок заедно со мојот бугарски колега, но многу е важно во решавање на вакви ситуации да се придонесе во духот на добрососедството и продлабочување на соработката меѓу соседите, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши откако вчера Бугарското национално радио (БНР) објави дека Бугарија и Северна Македонија не успеале да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во земјава.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека според досегашните контакти со бугарската влада гледа добра волја за договор меѓу двете земји за заедничко справување со енергетската криза.

„Темата уште не е затворена. Утре ќе имаме онлајн состанок со мојот бугарски колега. Многу е важно да се придонесе во решавање на вакви ситуации и во делот на добрососедтсвото, во делот на продлабочување на соработката посебно меѓу соседите. Во неколку прилики сум имал можност да разговарам заедно со премиерот Ковачевски и со претседателот Радев и со премиерот Донев и со мојот колега Христов и гледам добра волја за да имаме договор кој ќе биде во корист на двете земји. Значи тука зборуваме за технички работи, зборуваме да се справуваме заеднички со енергетската криза посебно во делот на грејната сезона и политиканството е оставено настрана“,

рече Бектеши.

Според него, Република Северна Македонија и тој како преговарач никогаш не побарале да плаќаме електрична енергија по цена на берзата заради тоа што и сега тоа го имаме и ќе го имаме.

„Имаме договор со Грција, со Бугарија, со Србија и со Косово да нема застој во делот на пограничните капацитети што значи дека берзите се отворени и такви шпекулации во однос на тоа дека ќе има намалување од 15, 20, 30 отсто од берзанската цена се невистини. Разговарав со Стопанската комора, ние ги знаеме нивните очекувања и преговорите ги водиме согласно очекувањата на компаниите што се на слободен пазар и во делот на количините и во делот на цената“,

нагласи Бектеши.

Што се однесува до тоа што е проблемот, зошто досега нема договор со Република Бугарија, Бектеши објасни дека тоа е така затоа што веќе се најавени одредени мерки од страна на Европската комисија која секако дека треба да ги реализира и Република Бугарија како нејзина членка.

„Ги чекаме кои ќе бидат тие мерки усогласени целосно во склоп на Европската комисија за нашиот потенцијален договор да не се коси со такви мерки“,

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.