ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Продолжуваат калкулациите на политичките партии околу составот на новата влада

Нова владина коалиција се уште далеку од повидок. На една недела од одржувањето на изборите, без поголемо придвижување во меѓупартиските разговори.

Во СДСМ молк додека трае партискиот постизборен одмор. Додека пак ВМРО ДПМНЕ велат веќе водат преговори за формирање на влада, но засега не откриваат детали. Синоќа и Извршниот комтиет на партијата ја потврди поддршката за претседателот Мицкоски да продолжи со разговорите во обид да формира ново парламентарно мнозинство. Ставот на партијата е дека изборите биле недемократски и дека е спроведен масовен поткуп на гласови, но и покрај тоа ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се победници и засега никој не размислува за оставки.

Внатрепартиските анализи ВМРО ДПМНЕ вечерва ги продолжува на седница на Централниот комитет. А, додека лидерот на социјалдемократите користи годишен одмор, Ахмети му испрати порака дека пред да продолжат со понатамшна соработка, Заев треба да се извини за навредите кон Албанците.

На средба со словенечкиот амбасадор, Ахмети истакнал дека на земјата и’ се потребни демократски институции кои ќе преземат целосна одговорност за лошата економска ситуација и непрекината пандемија. Тој вели ДУИ е стабилен и сериозен субјект, спремен да продолжи со конструктивниот придонес. Сепак, главен камен на сопнување е инсистирањето за премиер Албанец, кое децидно го отфрлија и Заев и Мицкоски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.