ПРИГОЖИН СЀ ПОБЛИСКУ ДО ДОЛГИТЕ ТУНЕЛИ ВО СОЛЕДАР Градот е речиси под руска контрола, следен е клучниот Бахмут
Евегениј Пригожин, финансиерот на Вагнер го потврди својот интерес за рудниците, нарекувајќи ги „шлаг на тортата“ во стратешкото значење на областа Бахмут. Тој ги опиша како „мрежа од подземни градови“ што може да собере „голема група луѓе на длабочина од 80-100 метри“, а исто така може да дозволи тенкови и други воени возила слободно да се движат.
Русија најверојатно конечно ќе го контролира поголемиот дел од градот Соледар на истокот на Украина за ископ на сол по повеќемесечна битка со украинските сили, соопшти британското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си. Градот за кој Зеленски во понеделникот рече дека останал без ѕидови и со трупови е „отскочна жица за заземање на Бахмут“.
– Соледар – кој имаше население од околу 10.000 пред војната – може да се смета главно како отскочна штица за заземање на Бахмут, а неговата стратешка вредност е сомнителна – изјави Зеленски.
Руските трупи и платеничката група Вагнер напредуваа во изминатите четири дена, соопштија британските служби. Американски официјален претставник минатата недела изјави дека Евгениј Пригожин, основачот на Вагнер груп, сака да ги контролира големите рудници за сол и гипс во областа.
Според британските служби дел од борбите се фокусирале на влезовите во неупотребените тунели долги 200 килoметри, а Русија и Украина „веројатно се загрижени дека тунелите би можеле да се користат за инфилтрација зад нивните линии“.
Евегениј Пригожин, финансиерот на Вагнер го потврди својот интерес за рудниците, нарекувајќи ги „шлаг на тортата“ во стратешкото значење на областа Бахмут. Тој ги опиша како „мрежа од подземни градови“ што може да собере „голема група луѓе на длабочина од 80-100 метри“, а исто така може да дозволи тенкови и други воени возила слободно да се движат.
Сепак, британските служби веруваат дека Русија „не е веројатно“ веднаш да го преземе Бахмут поради „стабилните одбранбени линии“ на Украина.
Борбите околу Бахмут траат со месеци, а американскиот функционер ги опиша најновите размени како „дивјачки“.
Двајца британски државјани исчезнаа во регионот и последен пат беа видени како се упатуваат кон Соледар.
Серхи Черевати, портпарол на источните сили на Украина, во телевизиско интервју изјави дека Соледар бил погоден 86 пати од артилерија во последните 24 часа.
Тој тврдеше дека најдобрите борци на Вагнер биле распоредени и дека Русија користела тактика во стилот на Првата светска војна, додека претрпела големи загуби.