
Приватните превозници утре во 9 часот излегуваат на протест пред седиштето на јавното сообраќајно претпријатие во Автокоманда но засега без автобусите.
Како што информираа од здружението „Мак екпрес“ протестот е со цел да се оствари средба со раковдството на ЈСП за да си ги побараат парите во висина од околу полована милион евра што јавното претпријатие им ги должи. Според изјавата на Кемал Мурич за канал5 заедно со Мак епсрес на протестот целосно се приклучуваат и од слобода превоз кои имаат еден милион евра побарување од јсп. Автобуските превозници по денешната консулатиција со МВР главниот протест со блокади на раскрници низ главниот град се одлучија да го одложат за неделата по одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев заради чувствителноста на состојбата.
Од град скопје за канал 5 го повторија својот став дека тие чекаат да заврши ревизијата за да имаат конкретни рагументи за разговор и се додека не заврши ревизијата не планираат средба со приватните превозници. Став од првиот човек на ЈСП дали утре ќе ги прими на разговори приватните превозници не успевме да добиеме.
Инаку според претставниците на Мак експрес контролата која ја правело УЈП во нивното претпријатие утврдила дека ЈСП им должи 480 илјади евра дедека истата контрола утврдила долг од милион евра кон слобода превоз а деновиве од ЈСП добила исплата само на 5 илјади денари без никаква назнака за што се тие.
Град Скопје објави два јавни огласи за пакет линии во јавниот градски превоз, откако го раскина договорот со приватните превозници, кои го блокираа центарот на Скопје. И на двата огласи, не се пријави ниту еден заинтересиран автобски превозник.
Во моментов, јавниот градски превоз го врши само ЈСП со многу помалку автобуси отколку што му се потребни на градот на што веќе реагираат граѓаните кои чекаат на студот каде многу често без најава некои линии се откажуваат заради дефекти а други се многу ретки. Месец и пол во главниот град не возат 208 приватни автобуси.