ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Претседателот Пендаровски и претседателот Матарела положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Матарела положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Матарела, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Италијанската Република, се одржа заедничка прес-конференција на двајцата претседатели.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.