ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пресуда за „Титаник 2“ – по 2 години затвор за сите обвинети

По две години затвор за обвинетите во случајот „Титаник 2“, досуди Кривичниот суд во Скопје. Со ова, на повтореното судење, судот практично им ја намали казната на ексшефот на УБК, Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и четворицата поранешни членови на ДИК, од првото судење во 2019 година. 

Предметот се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, кога обвинетите противзаконски му овозможиле на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ да учествува во вториот круг на гласање.

-На 29.03.2013 во 23:40 обвинетиот Сашо Мијалков телефонски побарал од обвинетиот Мендух Тачи да му наложи на претставникот на ДПА во ДИК при одлучување по приговорот поднесен од подносителот од листа на кандидати, ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уважување на истиот, рече судијата Огнен Ставрев.

Сепак, извесно е застарување на делото за кое е обвинет Мијалков доколку Апелација не донесе одлука за овој предмет до април и со тоа ќе биде ослободен. Поради ова извесно е дека Обвинителството нема да поднесе жалба.

-Со оглед дека секоја жалбена постапка, кога има жалби од двете страни, веќе се обременува предметот. Од страна на Обвинителството во овој случај, барем според, не би поднел никаква жалба во однос на казната и мислам дека е во рамките на она што е предвидено со Законот и токму и тоа да се спречи одолжување на постапката за да може Апелација да одлучи во законски предвидениот рок, рече обвинителот Гаврил Бубевски.

Но одбраната ќе се жали, а адвокатот Љупчо Шврговски е убеден Апелација повторно ќе пресуди во корист на обвинетите. Според него, надвор од памет е дека одбраната со жалбите до Апелација„купува време“ за делото на Мијалков да застари.

-Тука нема дело. Самата пресуда на Апелациониот суд јасно кажува нема дело за ниту еден од обвинетите. Имаме нова осудителна пресуда. И оваа осудителна пресуда, бидејќи не се почитувани напатствијата на Апелациониот суд, исто така ќе ја доживее судбината на претходната пресуда, рече Шврговски.

Во 2019 година Кривичниот суд им досуди по 3 години затвор на сите обвинети, освен на Бедредин Ибраими, кој доби казна затвор од 4 и пол години. Но Апелација ја укина пресудата уште истата година, па повторените рочишта траеја до декември минатата година. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.