ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Препораките да се почитуваат!Први сомнителни случаи на корона во Гостиварската болница

Мирен ден во Македонија бидејќи во текот на денешниот дент немаше регистрирани новoзаболени пациенти со корона вирус. Бројката на заболени со вирусот во земјата достигна 42 лица, а како што напиша министерот за здравство на неговиот ФБ-профил сите пациентите се стабилни и кај ниту еден од нив нема влошување на состојбата.

Во рамките на скринингот, дополнително се направени тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.

Во текот на вчерашниот ден на Инфективното одделение во Гостиварската болница се тестираа и првите лица сомнителни на корона вирус. Како што дознава Вечер се работи за сопружници кои пред извесно време се вратиле од Германија и биле во домашна изолација. Се чекаат резултатите  дали се заболени од ковид 19.

Како што појаснуваат од ресорното министерство, епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кај кои последно се дијагностицирани на корона вирус. Исто така на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.

Во последните авиони кои пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје, немаше патници суспектни на болест.

-Сите патници се во задолжителна самоизолација, информираат од Министерството за здравство.

 ИЈЗ е единствена референтна лабораторија, досега се направени 258 тестирања

Институтот за јавно здравје како единствена референтна лабораторија во државата со сите расположливи капацитети успешно се справува со состојбата. Во таа насока се координирани сите потенцијали за спречување на ширење на корона вирусот. Во референтните лаборатории досега се направени 258 тестови за детектирање на ковид-19. И бројките на позитивните и секако негативните случаи, се трансферираат во Владата на РСМ.

Според директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети има доволно реагенси, а ќе има и во иднина, истакнувајќи дека нема потреба од загриженост кај граѓаните во однос на тоа.

– Епидемиолошките служби направија едукативни предавања во сите Центри за јавно здравје и во болниците низ државата за сѐ што е потребно да знаат здравствените работници. Исто така, беа изготвени упатства за постапка како да се постапи со заразени лица и лица сомнителни на корона вирусот. Епидемиолозите на ИЈЗ се достапни 24 часа на телефонските линии што се објавени и достапни до сите граѓани, нагласи Мемети.

Тој наведе дека на интернет страницата iph.mk на ИЈЗ ги има сите потребни информации за граѓаните за тоа како треба да се превенираат од ковид-19, како и податоци за бројката на заразени во РСМ, регионот и светот.

– Едукативниот материјал со информациите од интернет страницата се дистрибуирани до Клиничкиот центар, здравствените домови и центрите за јавно здравје. ИЈЗ, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Министерството за здравство активно соработуваа во изготвување на алгоритми и документи поврзани со работа на институциите за давање насоки поврзани со дистрибуција на готови хартии од вредност (фактури, платени сметки…). Изготвен е документ за постапки со цел дистрибуција на хранливи артикли и други материјални добра до оние кои се ставени во изолација и постојан епидемиолошки надзор. Изготвен е документ за постапки во производство, погони и фабрики. Документ каде работат наши лица за постапки при работниот процес поврзани со дистанцирање меѓу вработените, носење на заштитна опрема и постапка при евентуални позитивни случаи, изјави директорот на ИЈЗ.

Се готви и софтверско решение со посебна датотека на сите позитивни случаи во државата, со сите географски, демографски, лабораториски контакти меѓу позитивни лица и место на нивниот третман со кои ќе се направи увид во моменталната состојба.

Казни за несовесните, апели да не се патува и да се остане дома

Властите повторно апелираат сите граѓани да се придржуваат до мерките за превенција од ширење на корона вирусот, да не се патува без особена потреба и да се остане дома. За секој што не ги почитува препораките, ќе има сериозни санкции.

Првиот позитивен случај во нашата држава беше регистриран на 26 февруари, а за поефикасно справување со корона вирусот на територијата на државата од средата е прогласена вонредна состојба.

Министерот за здравство Венко Филипче нагласува  дека здравствениот систем и целокупниот медицински персонал веќе подолго време работат како во вонредни услови. Тој уште еднаш упати апел и ги повика сите да се придржуваат до мерките за превенција, да не се излегува без потреба, да се држи дистанца и често да се мијат рацете.

Информираше дека има доволна количина на тестови и најави дека се подготвува и масовен скрининг во одредени делови од земјата со цел рано откривање на лица кои немаат симптоми, но е можно да биле во контакт со некој од заболените.

– Тоа е многу битно за да се откријат што порано случаите за да не го оптоварат здравствениот систем и тоа понатаму да предизвика проблеми и компликации во лекувањето и неможност да се справуваме со овој проблем, изјави Филипче.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.