ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Премиерот Заев очекува исчекор во односите со Бугарија по изборите во двете држави

Не станува збор за бришење на историјата – тврди премиерот Зоран Заев по најавите дека ќе се менуваат учебниците и спомениците кои ги содржат термините „бугарски фашистички окупатор“, во знак на пријателскиот дух со Бугарија.

Непобитен историски факт, според премиерот дека Бугарија била во пакт со фашистичките земји, но за да се избегне како што вели, обојување со фашизам на цела една нација алудирајќи на денешна Република Бугарија, треба да се прифати формулација која значи соработка и градење пријателство.

-Не станува збор за никакво бришење на историјата. Бугарија тогаш донела одлука да стапи во пакт со фашистичките земји, а Македонија во тоа време донела одлука да им се приклучи на антифашистичките сили. И тука нема дилема. Фашизмот останува и нема да биде отстранет ниту еден споменик. Сите си го знаеме нашето минато, горчините и предавствата. Но, од нас зависи дали ќе стиснеме заби и ќе влеземе во Европа, давајќи им шанса на идните генерации. Ние ги носиме одлуките и ние одлучуваме како да живееме во иднина и како да ги креираме нашите патишта,вели – Зоран Заев – Претседател на Влада.

Секоја обврска која ќе ја преземе земјава, без разлика дали е политичка или произлезена од Договорот за добрососедство, вели Заев ќе се спроведе откако Македонија ќе добие поддршка од официјална Софија. И тој го дели ставот со вицепремиерот за евроинтеграции Димитров дека Бугарија го прекршила Договорот, и очекува деблокада на преговорите во декември.

-Да, со тоа е прекршен членот 2 од Договорот, затоа што тој вели дека Бугарија ќе ја поддржи р. Македонија тогашна во евроинтеграциите. Очекувам да се случува се после нашите избори, после бугарските избори кои се на 14 ноември и евентуален втор круг. Тогаш ќе се седне и ќе се решаваат работите,изјави – Зоран Заев – Претседател на Влада.

Изминатиот период Бугарија остана на истата позиција кон земјава повторувајќи ја и пред неколку дена по средбите на бугарскиот државен врв со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Ветото на Софија и спорот помеѓу двете земји ќе биде и тема на разговорите на македонските власти со претседателката н ЕК Урсула фон дер Лајен кој следнава недела доаѓа во Скопје а ќе ги постеи и останатите земји од Западен Балкан.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.