Толку и беше потребно за соседна Србија да го изгради автопатот низ тешко пристапната Грделичката Клисура.

Градежно чудо, вака српските медиуми го најавуваат утрешното отворање на автопатот со кој се затвора јужниот крак на коридорот 10. Лентата на 26 километри долгиот автопат ќе ја пресече српскиот претседател Александар  Вучиќ, кој не го крие задоволството од завршувањето на изградбата.

-Ова до сега за нас можеби беше најтешкиот потфат, најтешка клисура, многу одрони, многу тешкотии.Луѓето некогаш се фалат со еден мост, а тој озогласен Вучиќ, нашата влада и нашето министерство, само на таа делница изградивме 33 моста и два најдолги тунели во Србија, изјави Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

На утрешното отворање ќе патува и премиерот Заев. Има и зошто. Со оваа делница патување од Скопје до Белград ќе трае  околу 3 часа  активно возење, што секако е многу добро не само за граѓаните туку и за бизнисот. Значително ќе се подобри и патувањето на милионите туристи кој преку Србија и Македонија одат на одмор во Грција.

Секако бенефит ќе видат и турските гастрбајтери кои за летните одмори масовно се враќаат во родната земја. Сепак, можеби најзадоволни се локалните жители, кој за овој автопат сонуваат повеќе од 50 години

Во нашата земја моментално се гради автопатот од Кичево до Охрид, а по којзнае колку најави се очекува за помалку од 2 недели да биде отворен и Миладиновци – Штип.

Директорот на државни патишта Китанов ветува дека патиштата во земјава ќе се градат според најнови научни сознанија, а министерот за транспорт Сугаревски кажа дека мораме да ги следиме современите трендови и научни достигнувања.

Од проектите што се најавени набрзо треба да почне и изградбата на автопатот од Скопје кон Блаце. Ќе биде долг 20тина километри ќе се гради фазно повеќе години.

На косовска страна пак работите се речи си готови. Супер модерен автопат набрзо ќе ја поврзе Приштина со македонската граница.