ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пред да биде избркан, Орбан ја напушти Европската народна партија во Европскиот парламент

Унгарската владејачка партија Фидес се повлече од парламентарната група на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент по долгогодишните расправии за владеењето на правото и примената на европските вредности во Унгарија.

Фидес, инаку десничарска партија која има двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент од 2010 година, ја напушти ЕПП затоа што беше прифатен амандман во партискиот Деловник, со кој се овозможува да се исклучат цели партии од таа група, а не само пратеници поединечно.

Во писмото до претседателот на парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја пренесе одлуката на Фидес да ја напушти оваа група.

„Измените во Деловникот на ЕПП се очигледно непријателски потег кон Фидес и нашите гласачи. Тоа е антидемократско, неправедно и неприфатливо. Затоа, управното тело на Фидес одлучи веднаш да ја напушти групата ЕПП“,

стои во писмото на Орбан до претседателот на ЕПП, Манфред Вебер.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.