Предупредувањата и барањата на Христијан Мицкоски – со протест, ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори
Под слоганот “Премногу е“, ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред влада барајќи предвремени парламентарни избори!Откако говореше од улица, пред илјадниците граѓани, кога се качи на сцената, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски се обрати со критики за речиси сите области.Владата ја нарече криминална и предавничка. За францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, рече дека е “Бугаризација на рати на Македонија“.
Побара од премиерот Ковачевски да го одбие истиот а доколку владата се договори надвор од Собранието, увери дека следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува и спроведе ниедна точка од него.
Даде и совети како требало да одговори Ковачевски на шегата на Рама кога го нарече “премиер на Западна Бугарија“.
Актуелната состојба ја нарече “економски геноцид“ а неспособноста на владата дека го уништила животниот стандард.
Исто така рече дека ова ќе биде лето на протести, а за Албанците имаше посебно барање.
Доколку нема договор за предвремени избори, Мицкоски предупреди на целосна блокада во Собрание, на улиците и институциите.