ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Прв пост-карантински викенд во Грција: Сите на плажа и на кафе

Грција – По нешто помалку од два месеци, Грците го поминуваат првиот викенд без ограничувања и можност за слободно движење, а се чини дека го користат максимално со оглед на тоа дека во текот на вчерашниот ден особено зголемена беше раздвиженоста, не само во Атина, туку и во другите грчки градови, а паралелно, се финализираат и подготовките за отворањето на продавниците во втората фаза на олабавувањето на мерките во Грција, што започнува утре, јави дописничката на МИА од Атина.

Високите температури кои во одредени делови на земјата достигнаа и до 30 степени, во комбинација со 42-дневниот карантин што заврши во понеделникот, резултираше Грците масовно да излезат од нивните домови.

Веројатно, најпосетени беа плажите. Особено оние во близина на Атина.

Организираните плажи со лежалки и „бич барови“ се сѐ уште затворени, меѓутоа дозволен е пристапот до градските плажи, кои беа полни со граѓани на сите возрасти.

Раздвиженоста е повеќе од очигледна, не само на плажите, туку и во сите атински населби.

Со кафиња за носење на плоштадите, во парковите, на плажите, како во текот на денот, така и во вечерните часови, некои со маски, некои без, некои со држење на потребното растојание, но не сите, Грците го поминуваат првиот пост-карантински викенд.

Веројатно, најпосетени беа плажите. Особено оние во близина на Атина.

Организираните плажи со лежалки и „бич барови“ се сѐ уште затворени, меѓутоа дозволен е пристапот до градските плажи, кои беа полни со граѓани на сите возрасти.

Раздвиженоста е повеќе од очигледна, не само на плажите, туку и во сите атински населби.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.