ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Првото предупредување за лажен твит за Доналд Трамп

Mandatory Credit: Photo by Jacquelyn Martin/AP/REX/Shutterstock (10144004f) President Donald Trump speaks during a meeting with former U.S. hostage in Yemen, Danny Burch, in the Oval Office of the White House in Washington Trump, Washington, USA - 06 Mar 2019

Twitter додаде етикети на твитовите кои ги предупредуваат корисниците дека некоја информација е погрешна и треба дополнително да ја проверат.

Ова веројатно и не е изненадување и Twitter одамна го најавува. Она што е изненадување е дека првата ваква етикета, или барем една од првите дојде за претседателот на САД, г. Доналд Трамп. Со оглед на тоа какви информации споделува г. Трамп ова не е изненадување, но сепак станува збор за актуелен претседател на САД.

Проверката на факти на твитот со кој Трамп без докази тврди дека гласањето по пошта е наместено доби етиката, но друштвените мрежи добија закана дека ќе добијат сериозна регулација или ќе бидат во целост забранети.

Во минатото микро блогот беше обвинуван дека лошо се справува со лажните твитови на претседателот, овој пат обвинувањата доаѓаат од другата страна. Трамп ја обвини платформата дека ги замолчува конзервативните гласачи, но и дека Twitter се меша во изборите.

Какви и дали воопшто ќе има некакви последици за друштвените мрежи е тешко да се претпостави. Засега е неверојатно да се замисли дека претседателот ќе успее да собере поддршка за правење на поголем притисок врз Twitter, а и платформата доволно често му прогледува низ прсти.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.