ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Првиот блок на РЕК Битола исклучен од мрежа

Исклучен од мрежа првиот блок на РЕК Битола. Како што соопштија од ЕСМ, застојот бил поради ремонт и предвидено е да трае 24 часа , што занчи дека моментално комбинатот работи само со еден блок, вториот .  До МЕПСО било пратено известување дека исклучувањето е плански, а се случува во момент кога четврти ден е исклучена од мрежа електраната во ТЕЦ Осломеј поради пожар. Потребите на малите потрошувачи моментално се задоволуваат преку хидро потенцијалите.

Во моментов, не можеме да кажеме точни бројки бидејќи тоа се менува постојано, во зависност од конекцијата на системот. Меѓутоа тоа што го гледаме денес иако е исклучен првиот блок во Битола – загубите се покриваат со хидро и од увоз и нема недостаток на електрична енергија во системот. Ние не ги знаеме плановите за производство на ЕСМ така што не можеме ние да кажеме како тие планираат да го одржат производството“ – Орхан Муртезани – Директор на МЕПСО.

И додека македонскиот енергетски систем е падни – стани, во Регулаторна се „ крчка“ и новата цена на струјата. МЕПСО побараа зголемување на цената за пренос за 29,75 проценти, а веќе се и пред склучување договор со ЕСМ по цена од 220 евра за мегават час. Високата цена е поради покривање на загубите во системот, а Муртезани уверува дека колку и да се зголеми цената нема да влијае повеќе од 5 проценти во цената на електричната енергија. Во меѓувреме МЕПСО ги тужи фирмите за ланското влечење на струја.

Се потрудивме, тоа да биде во рамките на прифатливото без да создаваме поголемо покачување на цената. -Колку и да се зголеми цената на нашата преносна тарифа тоа нема да има влијание над 5 отсто врз вкупната цена на електричната енергија во земјата, рече Муртезани

Македонија до година треба да добие и берза за електрична енергија на која ќе тргуваат големите производители на електрична енергија, а снабдувачите да ја купат по цена која ќе ја диктира пазарот. Ваква берза има во целиот свет, а Македонија е меѓу последните држави во регионот што ја спроведува . Тоа што ја немаме берзата е хендикеп за државава да може поедноставно да купи електрична енергија од соседите, и е една од причините поради која не успеавме да набавиме струја од Бугарија за слободниот пазар,  беше кажано на брифингот со новинарите во МЕПСО. Владата се истрчала со преговарањата без да ги праша нив.  Берзата конечно се очекува да стартува на пролет.

Во 2022 МЕПСО не реализирале ни половина од генералниот инвестициски план, 42,48 отсо, а за догодина планираат 16 милиони евра инвестиции во преносната мрежа. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.