По 20 години на власт, Ердоган оди на избори на кои не е фаворит
Турција утре гласа на претседателски и парлементарни избори. Аналитичарите предвидуваат рекорден одзив на гласачи и тесна трка помеѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киличдароглу, лидерот на Републиканската народна партија и кандидат на коалицијата која собира шест опозициски партии. За претседателската фотелја ќе се бори и Синан Оган.
Овие избори се одржуваат во услови на изразен пад на економското производство, растечката инфлација и само неколку месеци по катастрофалниот земјотрес во земјата. 69 годишниот Ердоган, прв пат по 20 години не е изразен фаворит. Според анкетите, малку заостанува зад 74 годишниот Киличдароглу, кој вети сузбивање на корупцијата, контрола на инфлацијата, враќање во парламентарна демократија и изготвување план за преселување на бегалците назад во Сирија.
Право на глас имаат повеќе од 64 милиони луѓе. Дури 5 милиони млади луѓе сега прв пат ќе излезат на гласање.
„Верувам дека младите имаат можност да ги променат работите. Мислам дека многу млади луѓе размислуваат на ист начин. Како што знаете, образованието и економијата се во многу лоша состојба во земјата жена.“
„Со оглед на сегашните перформанси, мислам дека опозициската партија не може да оди над тоа. Според мене, доколку актуелната влада промени некои од своите политики, особено за младите, во однос на образованието, бизнисот и можностите за кариера, би сакале да продолжиме под власта на актуелната власт“.
„Најверојатно ќе гласам за Киличдароглу. Верувам дека може да ја подобри ситуацијата во која се наоѓа државата. Се надевам дека се ќе биде подобро“.
Синоќа, Ердоган изјавил дека ќе го прифати резултатот од изборите и ќе се повлече од фунцкијата доколку загуби, пренесуваат труските медиуми. Истакнал и дека неговиот блок ќе ги почитува резулатите што доаѓаат од гласачките кутии, но и изразил оптимизиам дека ќе биде реизбран за уште еден мандат, како и дека ќе обезбеди парламентрано мнозинство. Некои аналитичари велат дека ако Ердоган ги загуби гласовите со мала разлика, тоа му отвора можност да ги оспори резултатите.