По Мијалков и Русковска давала исказ кај колешката Ристовска за неговото исчезнување
По, Мијалков и Русковска на распит кај обвинителката Ленче Ристовка која ја води истрагата за исчезнувањето на осудениот Сашо Мијалков.
Во четвртокот кажала се што знаела,но за Телма потврди дека во спорниот викенд како обвинителство не знаеле дека Мијалков подготвува бегство.
Не се чувстува одговорна вели Русковска иако последниот збор ќе го има обвинителката Ристовска.
Додека Русковска тврди дека не се меша во предметите на колегите и не знаела дека предметот „Таргет – Тврдина“ завршува во петокот , Ристовска собира докази и искази и одбива да ги коментира надлежните.
Откако ќе ги собере сите информации ќе соопшти дали открила одговорност за бегството на Мијалков.
По, скандалот со Мијалков за шефицата на оддлението за борба против организиран криминал и корупција непознато е до крај кој го открил евентуалниот план ,пак, на бизнисменот Орце Камчев за бегство и за што предупредиле од агенцијата за национална безбедност.
Од вработените во болницата „Систина“ во сопственост на Камчев упатија апел до обивнителството.
Загрижени се за иднината на комапнијата бараат полесна мерка од притворот во Шутка за да не се попречи менаџирањето на болницата ,барање кое го наведе во жалбата и неговата одбрана.
Русковска, пак, за скандалот набавка на спорен софтвер открива дека обвинителството влегло во генералниот секретаријат на владата да ги прибере сите документи.
Не се повикани вработени и одговорни за исказ, а за директно вмешаниот Драги Рашковски смета дека не е во бегство.
Според, сторијата на „360 степени“ пред десетина дена поранешниот генеск Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра, за потребите на Министерството за внатрешни работи, а оттаму велеа дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба таков софтвер.