ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

По изјавата на Ердоган и менталното здравје на Макрон: Франција го повлече амбасадорот од Турција

Turkish President Recep Tayyip Erdogan addresses a meeting of provincial election officials at the headquarters of his ruling Justice and Development (AK) Party in Ankara on January 29, 2019. (Photo by Adem ALTAN / AFP) (Photo credit should read ADEM ALTAN/AFP/Getty Images)

Франција вчера го повлече својот амбасадор од Турција на консултации, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа дека францускиот претседател Емануел Макрон треба да го провери своето ментално здравје.

Француската влада коментарите ги оцени како неприфатливо непристојни.

Ердоган претходно вчера жестоко го критикуваше односот на Макрон кон муслиманите и го доведе во прашање неговото ментално здравје.

„Сѐ што може да се каже за шефот на државата која на тој начин третира милиони припадници на различни верски заедници е – прво провери го своето ментално здравје“, кажа Ердоган.

Турскиот лидер пред две недели ги осуди како провокација изјавите на Макрон за „исламскиот сепаратизам“ и потребата исламот во Франција да се „структуира“.

Предлог законот за борбата против „сепаратизмот“ во Франција, чија мета е радикалниот ислам, треба да се најде во парламентот на почетокот на декември.

Целта е да се зајакне секуларноста и да се консолидираат републиканските начела, но планирана е и засилена контрола на финансирањето на џамиите и забрана за школување на имамите во странство, што може да предизвика влошување на односите со Турција.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.