ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

По завршувањето на министерскиот собир на ОБСЕ ќе се знае колку точно народни пари ќе бидат потрошени

По завршувањето на министерскиот собир на обсе ќе се знае колку точно народни пари ќе бидат потрошени.

Министерот Бујар Османи денеска кажа дека ќе се потрошеле помалку од планираните пет милиони евра. Кажа дека трошоците за претседавањето со обсе се на земјата што претседава, а околу половина милион евра во текот на годината ги обезбедува секретаријатот на ОБСЕ, но главно за настаните што се одржуваат во Виена, Прага, Варшава.

За тендерот за возила за делегациите вреден околу 900.000 евра, кој предизвика критики во јавноста, Османи уверуваше дека МНР мора да го направи тоа и посочи дека станува збор за Рамковен договор или како што кажа, „резервен, бекап план“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.