ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Почна судењето за организаторите на упадот во Собранието на 27-ми април

Почна судскиот процес за организаторите на крвавиот четврток. Сите четворица обвинети Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се изјаснија дека не се виновни.

Вељановски и Ристовски потенцираа дека се работи за класичен политички прогон.

Поранешниот претседавач на Собранието Вељановски уште смета дека ова обвинение е креирано за да ги убеди да гласаат за уставните измени. Јанакиески пак најави дека ќе направи реконструкција на настаните со која ќе докаже дека она што се тврди во обвинението не е точно.

Во воведниот говор пак обвинителката, Вилма Русковска, го нарече екс премиерот Никола Груевски – кукавица. Рече дека тој бил премиер кој многу сакаше да се соочува со народот, ама кога дојде време со правдата кукавички избега.

Според неа се знае дека на пратениците кои ги отвориле вратите тоа го сториле по директива на обвинетите во овој процес, затоа што имале план да останат на власт загрозувајќи ја безбедноста и уставниот поредок.

Воведниот говор го заврши со цитат мисла од македонскиот револуционер  Гоце Делчев.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.