ПОТОНА РУСКИ ТОВАРЕН БРОД: Пет морнари се спасени, двајца загинаа од 13-члениот екипаж

Потона руски карго брод крај брегот на турската црноморска провинција Бартин. Медиумите јавуваат дека најмалку пет лица се спасени, но дека двајца членови на екипажот се удавиле. На бродот имало 13 члена на екипажот.
Причината за несреќата се уште се утврдува. Сите членови на екипажот биле руски државјани. Според наводите на локалните медиуми, временските услови на Црното Море во тој дел на Турција се исклучително тешки, па спасувачките екипи се соочуваат со пречки во потрагата.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: