После 70 години мировен договор меѓу Јапонија и Русија

Russian President Vladimir Putin (R) shakes hands with Japanese Prime Minister Shinzo Abe during a meeting at the Bocharov Ruchei state residence in Sochi on May 6, 2016. / AFP PHOTO / POOL / Pavel Golovkin
Јапонската влада планира да потпише мировен договор со Русија, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
Тој додал дека односите на двете земји моментално се во “абнормална состојба“.
Двете држави, иако преговарале за мировниот договор кој би се засновал на резултатите од Втората светска војна, не потпишале мировен договор повеќе од 70 години.
„На основа на односот на доверба со рускиот претседател Владимир Путин, ќе го решиме територијалниот проблем и ќе потпишеме мировен договор со Русија. Ќе отвориме нова ера во билатералните односи“ – изјавил Абе.
Уште од средината на 20-иот век Москва и Токио преговарале за мировниот договор кој би се засновал на резултатите од Втората светска војна, а главна пречка за потпишувањето на договорот е проблемот околу суверенитетот на Курилските острови.
Целиот архипелаг од 1945 година се приклучил кон Советскиот Сојуз, меѓутоа јапонската страна го оспорува суверенитетот на островите Итуруп, Кунашир, Шикотан и групата острови Хабомај.