ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Последен ден собраниска дебата за вториот ребаланс на Буџетот годинава

Собранието со еден час задоцнување ја продолжи дваесетата седница на чиј дневен ред е Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2020 година, односно вториот ребаланс за годинава. Според Деловникот, ова е петти, последен ден, за расправа за вториот ребаланс. Се очекува во текот на денот ребалансот на Буџетот да биде изгласан.

Во ребалансот, според власта, се планирани средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки во висина од 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.