ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Поскапува струјата во просек за 7,4% – повисокa ценa и за евтината струја

Од први јули струјата поскапува во просек за 7,4 проценти. РКЕ ги објави новите цени. Поскап киловат  ќе добијат сите домаќинства.

Најмало зголемување  од 5,5 отсто ќе имаат  од првиот блок, оние кои трошат до 210 киловати, а најголемо и до 140 отсто ќе добијат оние од последниот блок чија потрошувачка надминува 1.050 киловати.

Минимално поскапување ќе има и кај евтината струја.

Досега во ниска тарифа се плаќаше по  3,6, а во висока 7,3 денари за киловат. Сега според пресметките од  калкулаторот  на РКЕ  цената  за киловат  во висока тарифа во прв блок  изнесува 7.7 денари, во втор  8, во трет 8,63 и во четврт  блок над 17 денари. Во овој износ влегува цената за мрежарината и за енергија.

Според пресметките,  ако едно домаќинство досега за потрошени 211 киловат часови електирчна енергија во висока  и 205 киловати во ниска тарифа  добивало  сметки од речиси 2. 600 денари, сега нивната фактура ќе биде повисока за 6,6 отсто.

Иако претходно енергетските  компании пријавија  високи трошоци и побараа поскапување на нивните услуги дури и до 80 отсто, РКЕ признал само мал дел од трошоците и уверуваат дека тоа нема да се одрази на нивната ликвидност.

Според Билимовски,  ако не се воведеа  блок тарифите,  цената на струјата ќе се зголемела за 17 отсто.

ЕСМ пак прави напори да обезбеди 100 проценти од потребите на струја, наместо законски пропишаните 60 отсто,  за да не се прави увоз од надвор каде цените се значително повисоки.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.