Посебен сообраќаен режим утре поради посетата на Ципрас
Поради утрешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас утре од 09 часот и 30 минути до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје.
Министерството за внатрешни работи во попладневното соопштение апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките од полициските службеници и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: