ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Поради непочитување на мерките се предлага полициски час од сабота во 19 до вторник до 05 часот

Полициски час од 19.00 часот во сабота до вторник во 05.00 часот утрото, предложила денеска Комисијата за заразени болести до владата. Непочитувањето изминативе денови на мерките за заштита, пред се со одржување на семејни собири, што довело до зголемување на бројот на случаи со Ковид-19, е причината за ваквата одлука на Комисијата.

„Во таа смисла само една ваква ригорозна мерка мислиме дека ќе има вистински ефект“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче“.

Засега не е закажана седница на владата на која ќе се решава за ова барање на Комисијата.

Филипче денеска ги повика институциите кои имаат ингеренции да го контролираат спроведувањето на мерките како што се носење на заштитна маска, негрупирање, дистанцирање, за што рече дека се почесто не се почитуваат од страна  на граѓаните, да го прават тоа поревносно.

Новиот предложен полициски, пак освен што ќе им го ограничи движењето на граѓаните на 58 часа, го одложи и олеснувањето на другите рестрикции кои беа воведени за заштита од ширење на корона вирусот.

„Сите други ослободување од рестрикциите кои што беа најавени за крајот на оваа недела ги оставаме за почетокот на следната недела, значи после викендот. Тука влегува функционирањето на угостителските објекти, евентуално скративање на полицискиот час, но за сето тоа ќе одлучува владата, прво во текот на овие денови – за викендот, а потоа за сите овие мерки од вторник па натаму“, информира Филипче.

Ќе се почека и на олеснувањето како што е отворање на границите. Според Филипче тоа треба да се направи многу внимателно.

„Јас сметам дека за нашите услови е рано, се уште. Во моментот кога ќе се отворат границите, навистина огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии, практично, можно е да паднат во вода. И затоа сметам дека треба многу внимателно треба да се пристапи кон ова прашање. Нема потреба од брзање“, е ставот на Филипче.

Но она што граѓаните може да го добијат побрзо е враќање во нормала на функционирањето на здравствениот систем. Филипче очекува тоа да се случи уште идната недела. Тој информираше дека болниците веќе добиле задолженија да ги направат списоците на пациентите кои беа одложени во изминатиов период, а кои пред да бидат пуштени ќе бидат координари со Мој термин и со новиот протокол кој предвоидува прегледите наместо 20 минути, да траат 30 минути, за да се избегнат турканиците.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.