Полска: Ако не најдеме компромис со ЕУ, можни се избори
Доколку Полска не се согласи на компромис со ЕУ околу буџетот, тоа би можело да доведе до предвремени избори, кажа заменик премиерот Јарослав Говин.
Полска и Унгарија го блокираат буџетот од 1,8 билиони евра бидејќи се противат дека идејата за владеење на правото не може да биде услов за пристап до парите од европскиот буџет и планот за заздравување освен ако не се промени основниот документ на Европската Унија, пренесува Ројтерс.
За тоа ќе се зборува на денешниот самит на Европската Унија.
„Го оставам на страна правото на избор, на вето… Алтернативата за Обединетата десница се предвремени избори, кои не би ѝ донеле добро на Полска за време на пандемијата“, кажа Говин, кој е шеф на владејачката коалициска партија Договор.