Поддршка од Мекалистер и Флекенштајн за договорот од Преспа и за преговори со ЕУ
Крајно време е ЕП и Европските институции да ги исполнат очекувањата на земјите аспирантки, а Македонија да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ следната година . Ова е заклучокот кој произлезе од средбата на европратениците Мекалистер и Флекештајн со собранискиот спикер Џафери но и кординаторите на пратеничките групи. Европратеникот Дејвид Мекалистер ја констатирал широка партиска поддршка од Европскиот парламент за Договорот од “Преспа” и истакнал дека:
„Земјата е добар пример за регионот и за Европа, правејќи голем пробив во духот на доброседските односи и помирувањето и дека сега останува на Собранието на Република Македонија и на сите политички сили да ги стават во преден план стратешките интереси и цели на земјата, а тоа се евроатлантските интеграции.“
Неговиот колега пак Кнут Флекештајн покрај договорот од Преспа потсетил и на и останатите чекори кои земјава треба да ги превзеде во делот на судството, администрацијата , и медиумите сепак потенцирал дека:
„Европскиот парламент и европските институции мора да ја завршат својата работа во однос на земјите аспирантки за членство во ЕУ и да ги исполнат дадените ветувања.“
На средбата собранискиот спикер Џафери ги информирал и за текот на процедурата околу уставните измени што произлегува од спогодбата меѓу Македонија и Грција потпишана во Преспа но и изразил надеж дека до крајот на јануари целиот овој процес ќе финишира.