Податоците на граѓаните се безбедни, не се знае дали државата платила откуп на хакерите
Деталите околу хакерскиот напад врз фондот за здравствено осигурување, кој две недели предизвика хаос во функционирањето на оваа институција и натаму остануваат енигма за јавноста, иако директорката Магдалена Филиповска Грашковска, по две недели молк се појави во јавноста. Грашковска објасни дека ОЈО води истрага за овој хакерски напад кој се случи на 6 февруари, Тврди дека податоците на граѓаните не биле мета на овој напад и не биле загрозени. Но нема ниту потврда ниту деман на прашањето дали државата платила откуп на хакерите .
Грашковска објасни дека шест ИТ експерти од фондот работеле на овој сајбер напад, а раководителот поради стрес се разболел додека го враќале системот кој не функционираше две недели. Во целата операција за враќање на системот биле вклчени освен ексреите од државни институции и ексерти од прватни комании .. колку и на кого било платено за ангажманот не се соопштува. Директорката денска се појави со раководителот на финасискиот сектор.. вториот генерален директор фатон ахмети, во текот на целиот хакерски напад бил на одмор
Иако не откри како системот на фзо се вратил во фунакција , таа се пофали дека тоа се напаравило во рекордно време … деталите вели грашковска ќе се откријата откако ќе заврши истрагата .. Системот на фондот за здравствено осигурување од понеделникот започна да функционира со прекини, а задоцнетите плати на здравствените работници и надоместоците за породилно конечно им беа исплатени на сите оние кои со денови чекаа на нив. Во јавноста останува да лебди прашањето – дали државата плати откуп на хакерите.