ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дури 15 училишта во Скопје утринава добиле меил со заканувачка порака за поставена експлозивна направа. За прв пат на електронска адреса ваква содржина доби гимназијата Георги Димитров во Карпош. Учениците и вработените веднаш биле евакуирани. Дојави за поставени бомби добиле и училиштата меѓу кои средното медицинско Панче Караѓозов, Орце Николов, Јосип Броз Тито, Васил Антевски Дрен и Цветан Димов. По извршените антитерористички проверки МВР за сите утврди дека се лажни, а учениците се вратиле на настава.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави.- МВР.

Веќе два месеци не само училишта, туку и трговски центри, министерства но и стамбени згради се соочуваат со лажните дојави за поставени бомби. Полицијата и понатаму ги истражува дојавите кои ги води како хибриден напад, но стручната јавност смета дека ваквите дојави не се тактиката на терористичките групи туку акт кој има за цел да делува на психолошката состојба на луѓето.

-Она што ние треба дополнително да го правиме е да изградиме една отпорност за да можеме да реагираме, да бидеме свесни за самата опасност, меѓутоа да бидеме свесни и за можноста или неможноста да се справиме со нив.изјави – Злате Димовски – Факултет за безбедност – Скопје.

Во моментов се докажува дека се лажни меѓутоа после опсежни проверки. Дали тие и понатаму ќе бидат лажни тоа е дискутабилно и затоа треба час поскоро да се организира, дали тоа би било со помош на некакви надворешни сили или со она што ние го имаме како ресурси, да направиме одредени чекори во функција на тоа да попречиме евентуално пројавување на вакви настани.

Во целава ситуација засега најмногу губат училиштата каде наставата ќе треба да се надополни, велат од Министерството за образование и наука и тоа најдоцна до крајот на првото полугодие кое треба да заврши за неполн месец.

-Училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно – образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштени часови. -Министерство за образование и наука.

Дел од средните училишта за пропуштените часови веќе организираат дополнителна онлајн настава или со физичко присуство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.