ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Повикај пријател – Ахмети му кажа на Ковачевски како ќе функционира Македонија во политичка криза

Премиерот Димитар Ковачевски не го плаши тоа што веројатно ќе следи политичка криза откако ВМРО-ДПМНЕ се закани со институционални блокади. Прашан зошто како човек кој носи голема одговорност за државата и граѓаните не нуди никакво решение, и како ќе функционира државата во претстојната криза, Ковачевски одговори со помош на суфлирањето од Али Ахмети.

Новинар: Како ќе функционирате?
Али Ахмети: Како до сега.
Димитар Ковачевски: Како до сега.

Премиерот уште еднаш отфрли каква било можност за лидеркска средба и договор за предвремени избори, и ги повика ВМРО-ДПМНЕ да бидат на ниво бидејќи предвремените избори немало да ги решат туку ќе ги продлабочеле проблемите на граѓаните.

Јас како човек, уцени не прифаќам. Тоа дека ќе ги блокираат општините, тоа го гледаме уште од почетокот. Гледаме дека во првите денови, откако беа промовирани проектите, веќе нема ни сликање ни по хотели и по црвнеи килими, гледате дека Владата се справуваше со проблемот за затоплување на граѓаните, иако Г.Скопје има обврска. Во однос на блокадите, во Собранието, секој може да блокира, но е неодговорно, јас упатувам апел, да бидат на ниво на задачата, а сите закони се од интерес за граѓаните и за компаниите – изјави Ковачевски.

Но реалноста гледана од перспективата на ВМРО-ДПМНЕ, и граѓаните кои вчера го поддржаа протестот е многу поинаква, од онаа на премиерот. Корупција, распаднато здравство, афери, селективна правда, предавнички договори, сиромаштија, инфлација – против сите овие проблеми лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе се бори преку протести на улиците и блокади во институциите.

„Денот за власта е ден поминат во луксузни автомобили, ручеци со златни виљушки и чинии какви купуваа, а денот пак за обичниот народ е ден за борба со голиот живот, борба за опстанок да се преживее и да се дочека следното утро. Таква е реалноста во нашата Македонија. Тешка и мачна. Денес сум овде пред вас затоа што јас ја имам одговорноста да се борам и да ветувам, се обврзувам и гарантирам дека нема да разочарам. Вие сте мојот мотив и ова е мојата сила! Ова е мојата Македонија. Тие ги имаат институциите, а јас со вас, сме заедно народот“ – изјави Мицкоски.

Уништениот стандард на граѓаните кој се должи на економскиот крах, растечката инфлација и кризите со кои се соочува Македонија не е единствениот проблем според Мицкоски. Состојбата станувала неподнослива и поради лошата надворешна политика бидејќи наместо да се исполни европскиот сон, државава е заглавена во чекалницата на ЕУ 22 години, а наместо датум, добиваме понижувања, срам и предавства.

Мицкоски од протестот упати порака и им вети на граѓаните  историски триумф и борба против како што кажа мрачната ера на криминал и предавства.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.