ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Победата на Еди Рама на изборите во Албанија е сигурна

Foreign Policy Chief Federica Mogherini (L) during a joint press conference with Albanian Prime Minister Edi Rama (R) in Tirana, on March 3, 2017. Mogherini is on a tour to the Balkan states - a tour that started in Montenegro and will end in Albania - to reassure the countries that the EU remains open for enlargement despite crises in the EU. GENT SHKULLAKU / AFP

Досега се избројани 94 отсто од гласовите. Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама има предност од 135 илјади гласови пред опозициската Демократска партија

Албанскиот премиер Еди Рама и неговата Социјалистичка партија се победници на изборите одржани во неделата, иако гласовите не се избројани до крај. Според извештаите на изборната комисија по пребројани 94 отсто од гласовите партијата на Рама има освоено 712.254 гласа, а Демократската партија на Љуљзим Баша 575.815. Разликата од 135 илјади гласови е недостижна. Во проценти, социјалистите освоија 48,63, а демократите 39,38 отсто.

Во парламентот ќе влезат уште две партии, Социјалистичкото движење за интеграција (СМИ) и малата Социјалдемократска партија (ПСД). Според овој резултат ваква ќе биде поделбата на мандатите во 140-членото албанско собрание: 74 за Социјалистичката партија, 59 за Демократската партија, за СМИ четири места, а за ПСД три. Тоа значи дека социјалистите сами ќе имаат мнозинство.

Одѕивот на изборите бил 45,72 отсто. Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал открило 91 случај на изборна корупција. 

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, во заедничка изјава повикаа на целосна истрага за сите обвинувања за купување гласови.

„Сите сомнителни нерегуларности треба веднаш да ѝ бидат соопштени на Централната изборна комисија и на другите надлежни органи, а случаите мора темелно да се истражат, вклучително и купување гласови“, се вели во соопштението на ЕУ.

Борел и Вархели ги повикаа партиите да продолжат со броење и да го прифатат резултатот: „Набљудувачите објавија загриженост во врска со злоупотребата на државните ресурси и државните функции од партијата на власт и други јавни личности. Ги охрабруваме сите страни вклучени во пребројувањето да продолжат непречено и во согласност со утврдените процедури. Сите партии сега мора да обезбедат ефикасно и демократско функционирање на институциите на земјата како резултат на овие избори. Ова вклучува одговорност да се следат демократските принципи во почитувањето на резултатите од изборите“.

Рама веќе прогласи победа ии повика на прослава вечерва во 18 часот на Плоштадот на Скендербег, Според него, на оваа прослава ќе се соберат „шампионите на тимовите на покровителите, координаторите, лидерите, пратениците“.

Партијата Самоопределување, која е своевиден огранок на истоимената партија на косовскиот премиер Албин Курти (тој дури и гласаше на изборите), не успеа да го премине изборниот праг од пет отсто и на тој начин се покажа дека она што е политичко расположение во една држава, не значи дека е исто и во друга, без оглед на тоа што и во двете доминантно живеат Албанци

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.