ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Платежни картички, грантови, одложување отплата на кредити: Четвртиот пакет мерки ќе чини 350 милиони евра

Четвртиот пакет економски мерки за намалување на последиците од корона-кризата ќе тежи 350 милиони евра, а ќе значи продолжување на дел од претходните мерки.

На денешната втора седница на Економско-социјланиот совет членовите заклучиле дека овој пакет е обемен и ќе ги опфати најранливите и најзагрозените категории на граѓани.

Седницата била предводена од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, а заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ги презентирал анализите за четвртиот економски пакет.

Битиќи вели дека ова е продолжение на претходните три пакети и е сублимирање на анализите направени преку консултациите со сите засегнати чинители во општеството, со цел опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани.

„Четвртиот пакет економски мерки опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал на годината, платежни картички за одредени категории на граѓани на кои помошта им е најпотребна, грантови за најпогодените сектори, намалување или укинување на парафискални давачки, зголемување на грејс периодот кај бескаматните кредити од ковид(1) и дополнително одложување на отплата на кредитите од компаниите“,

информираат од Владата.

Како што вчера најави премиерот Зоран Заев, пакетот антикризни мерки ќе биде детално објавен утре, 27 септември. Во последниве два дена се одржуваат последните консултации на економскиот тим министри со претставниците на коморите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.